3 месеци платено породилно отсуство за татковците во Шведска

STOCKHOLM, SWEDEN - APRIL 30: Young girls wave Swedish flags during the changing of the guard on H.M. King Carl XVI Gustaf of Swedens 60th birthday at the Stockholm Royal Palace on April 30, 2006 in Stockholm, Sweden. (Photo by Chris Jackson/Getty Images)

Шведска е одлично место да се биде татко, особено со новиот предлог на владата.
Имено, почнувајќи од 2016 година, татковците можат да добијат платено породилно отсуство во времетраење од 3 месеци. Скоро 90% од Швеѓаните ги користат бенефитите од овие великодушни владини одлуки.
Родителите имаат право на платено отсуство до 480 дена кога ќе посвојат, или ќе им се роди дете, од кои за 390 дена добиваат 80% од нивната плата. Досега татковците можеа да добијат 60 дена платено отсуство, но со новите измени ќе можат да добијат 90 дена.

Ако таткото не ги искористи деновите резервирани за отсуство, тогаш истите ќе пропаднат. Ова е поттик за двајцата родители да останат дома откако ќе се роди детето. Исто така, родителите имаат законско право да го намалат работното време и до 25%, сè до осмиот роденден на детето.

Шведска за прв пат воведе платено отсуство за татковците во 1995 година, со цел да се поттикне еднаквата поделба на родителската одговорност. Во 2002 година, татковци добиле право на отсуство во времетраење од 60 дена.

Владата на Шведска обезбедува и мал месечен надомест за секое семејство со деца. Овој надомест е во висина од околу 125 долари за секое дете, сé додека не наполни 16 години.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Шведска