Како до екстра заработувачка во Германија?

Просечниот милионер има 7 извори на приход. Барем така велат. Веројатно и тоа е наштелована статистика какви се навикнавме да гледаме во последно времe.

Платата, колку и да е добра едноставно не е доволна. Освен тоа, платата бара ваше време и работа, кои ги немате неогрничено. Прилив на пари од едно место е гoлем ризик, тоа е како да стоите на една нога, ако останете без неа би било еднакво на катастрофа.

Во суштина, сфаќам дека повеќе извори на приход имаат свои предности, па пред неколку години почнав активно да барам начини да се изградам и јас, па еве најмалку 7 извори на приход.

Која беше мојата цел и што барав?

Целта е за 20 години да се биде финансиски самоодржлив.

Сега се прашувате зошто 20 години?

Затоа што според мене е реално време и затоа што тогаш децата ќе бидат доволно големи за да не мораат да ве гледаат секој ден.

Што значи самоодржлив?

Тоа значи дека ако престанам да работам тој ден за 20 години, имам активни извори на приходи за да можам да живеам без работа (или со многу малку работа).

Најкорисната цел на парите е независност и автономија. Тоа е она што го сакам. И златен часовник 🙂 .

Она што е важно за мене е да изнајдам начини да инвестирам мала, но постојана сума пари денес што треба, на долг рок, особено за тие магични 20 години, да врати голема сума пари или да почне да враќа рата на којa може да сметате секој месец. Ова особено го нагласувам затоа што е важно да се нагласи. Мојата стратегија е различна од стратегијата на некој кој сака да оствари месечен приход во најкус можен рок. Јас не целам кон тоа, туку целам на „исплата“ за 20 години и дотогаш зголемување на мојата нето вредност.

Моите извори на приходи за постигнување на финансиската цел во Германија

Досега проценив многу работи и верувам дека сè уште не сум наишол на „најдобрата идеја“, но ова се методите што досега ги лансирав и кои треба да помогнат да се постигне целта:

  • Плата 1
  • Плата 2
  • Инвестирање на финансиски пазари (акции, ETF, итн.)
  • Инвестирање во недвижен имот
  • Инвестирање во криптовалути
  • Емигрико
  • Веб дизајн

1 и 2 – Плата

Основата на нашиот финансиски опстанок и основата од која сето тоа започнува. Откако дојдов во Германија, работам нон-стоп и мојата плата беше единствен и главен извор на приход во добар дел од времето.

Целта е да се намали зависноста од платите низ годините со инвестирање во други извори на приход денес, за идеално по 20 години платата да не биде потребна и да продолжи да се живее без неа.

3. Инвестирање на финансиски пазари (акции, ETF, итн.)

Првата инвестиција што ја започнав беше инвестирање на финансиските пазари преку робо-брокер.

Од почетната инвестиција од 2.000 евра и месечните инвестиции кои веќе ги зголемив неколкукратно, се наталожи добра парична сума. Сега, кога станува збор за поголема сума, само што почнувам да го чувствувам зголемувањето и намалувањето на каматите. Заради целата оваа ситуација со короната и сега со војната, не можам да се пофалам дека сум постигнал раст. Портфолиото во последно време флуктуира помеѓу -3 и + 3%. Како што реков, не се смирувам. Тоа е долгорочна игра и јас продолжувам да инвестирам со исто темпо. Како што падна пазарот, така ќе расте повторно.

Приходите од ова во однос на парите што сега можат да се користат (ликвидност) се занемарливи денес. Но и тоа ќе се смени.

4. Инвестирање во недвижен имот

Ако го читате ова, тогаш сте дел од Емигрико. Ако го читате Емигрико, тогаш веќе знаете дека купив стан во Германија како инвестициски објект. Еве како се започна:

Вложувам во недвижнини бидејќи верувам дека за 10 или 20 години ќе вредат повеќе отколку што вредат денес, што ќе ја одрази сумата на пари што ќе ја добијам од продажбата. Тоа е и инвестиција која денес не ми носи месечен износ, туку пари на кои можам да сметам за 20 години.

Моментално барам добра можност да купам можеби уште еден недвижен имот… во оваа ситуација малку сум несигурен, но ќе видиме. Ќе напишам и за тоа кога ќе се случи.

5. Инвестирање во криптовалути

Ups i did it again.

Да, повторно се обложувам на криптовалути. Овој пат инвестирав значителна сума и ова е убедливо најризичната инвестиција што ја имам. Се надевам на висок приход на среден рок (околу 5 години) ..

За сега доволно…. ќе напишам статија за тоа што направив овој пат.

6. Веб сајт

Иако заработката не е главна цел на веб странава, таа остварува приход на кој можам да сметам и што е најубаво, приход кој е ликвиден и не е заклучен во некој недвижен имот и некој фонд. Не планирав да градам веб страна чија главна цел е заработка, но убаво е да се знае дека е тука и дека ако вложам повеќе напор, овој извор на приход може да се засили.

Во потрага за 7

Почнав со 7 извори на приход, а гледате дека застанав на 6. Не сум готов, но сè уште не сум нашол нешто што би станало следниот потенцијален приход. Истражувам, читам и најдов неколку работи кои би можеле да бидат интересни. Нема смисла да правам нешто само за да имам 7 од нив, ако не можам да инвестирам во тоа или ако не верувам дека ќе има нешто од тоа.

Еве неколку опции што ги разгледувам во моментов:

  • Недвижен имот – исто како точка 4. само уште еднаш. Можеби на некоја друга локација, заради диверзификација… Недвижностите бараат многу и заклучуваат многу капитал и кредитна способност на долг рок. Па јас сум малку повнимателен од првиот пат.
  • Злато – Интересен факт е дека секогаш кога финансиските пазари паѓале во последните децении, цената на златото растела. За многумина златото е најдобрата заштита од инфлација и затоа нешто што има „безбеден“ раст на долг рок. Она што ме кочи е тоа што златото е некако досадно и морам да го чувам некаде. Несакам да ме ограби некој лојален читател на Емигрико.
  • Инвестирање во заеми – има финансиски институции во кои можете да инвестирате кои нудат микрокредит на пазарот. Еве неколку: Mintos, Prosper, Fellow Finance… Вие всушност почнувате да го правите она што го прават банките – давате одредена сума на пари што ќе се понуди како заем на пазарот и собирате камата на тој заем. Ова ми изгледа примамливо, особено затоа што тоа се пари што се наоѓаат на каматоносна сметка секој месец, квартал или година. Сè уште треба да истражувам како функционира, па можеби ќе пробам..
  • купувањето „работи“ како инвестиција – класичното Porsche 911, на пр. 964 или 993 веројатно никогаш нема да биде поевтино од сега. Си поигрувам со идејата да купам вакво нешто, да го оставам во гаража и „да стои“. Но, повторно… одржување, простор, безбедност…

Она што никако неможам да разберам е дека за некои луѓе ова не е забавно. Мене и не ми е баш до пари, сето ова го гледам како игра на „максимизирање и оптимизација“ која доколку се игра добро може да резултира со убав, удобен и независен живот.

Како се чувствувате за оваа поделба, дали имате сопствен метод или претпочитате да вложувате во еден коњ? Би сакал да прочитам некој коментар.

И за крај, јас не сум финансиски експерт или некој што сака и може да ве советува. Оваа статија е мое мислење. Најдобро ја знаете вашата ситуација и можности и најдобро можете да одлучите што е најдобро за вас.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија