Необичната граница помеѓу Белгија и Холандија

Во тивкиот агол на Северна Европа постои геополитичка аномалија – низ многу згради се наоѓа меѓународна граница. Ова е место каде што едно лице може да биде во истиот кревет со својот партнер, а да спијат во различни земји. Место каде што луѓето ги преместуваат нивните предни врати поради економската предност.

Недалеку од белгиската граница, холандската општина Барле-Насау е дом на речиси 30 белгиски енклави, заедно познати како Барле-Хертог. На мапата изгледаат како картографски амеби, а некои од нив со холандски јадра во нив.

На прв поглед не е лесно да се разликуваат териториите бидејќи не изгледаат различно од еден типичен холандски град со црвени тули. Околу три четвртини од вкупно 9.000 жители се холандски државјани, а холандската општина исто така има поголем дел од земјиштето (76 квадратни километри во споредба со 7,5 квадратни километри). Но по некое време разликите стануваат очигледни, секако со помош на ознаките – бели крстови со „NL“ од едната страна и „В“ на другата страна – и куќните броеви обележани со соодветно знаме.

Baarle-Nassau, the Netherlands, is home to nearly 30 Belgian enclaves (Credit: Andrew Eames)
Фото: Andrew Eames

Овој неред датира од средниот век кога парцелите земја биле поделени помеѓу различни локални аристократски семејства. Барле-Хертог некогаш му припаѓал на војводата од Барбант, додека Барле-Насау бил сопственост на средновековната Куќа Насау. Кога Белгија прогласила независност од Холандија во 1831 година, двете нации биле оставени со меѓународни немири, толку сложени што последователните режими не сакале да ги дефинираат точните јурисдикции. Границите не биле финализирани до 1995 година, кога последниот преостанат дел ничија земја му бил препишан на Белгија.

Холандските домови се поизедначени по изглед отколку белгиските, а холандските тротоари се наредени со липи, внимателно исчистени. Белгиските области се архитектонски поразновидни. Иако францускиот јазик се изучува во белгиските училишта, холандскиот е прв јазик во двете заедници.

The borders were not actually finalised until 1995, when the last remaining piece of land was attributed to Belgium (Credit: Andrew Eames)

Тоа и помалку прикриениот пристап кон уредувањето на белгиската страна довеле до тоа некои Холанѓани „од високо“ да ги гледаат своите соседи. Порано, по завршувањето на часовите во училиштата тинејџерите се тепале поради ова, меѓутоа во 60-тите години двајцата градоначалници го промениле времето до кога трае наставата во училиштата за тие да не се преклопуваат и ги комбинирале со младински клуб за промовирање на позитивни интеракции.

Денес, многу жители на Барле-Насау и Барле-Хертог имаат двојно државјанство – и белгиски и холандски пасош. Мирното преплетување на двете нации го привлече интересот на советниците на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како пример за тоа како две различни заедници може да живеат заедно хармонично.

Дали ова гранично опкружување е корисно за Барле-Насау и Барле-Хертог? Секако, привлекува голем број туристи, а бројот на продавници, хотели и кафулиња е посоодветен за град од 40.000 жители, а не за 9.000 жители. Кога белгиските продавници се затвораат во недела, холандските не се затвораат.

The borders are marked by white crosses with ‘NL’ on one side and ‘B’ on the other (Credit: Toerisme Baarle)

Границите се означени со бели крстови со „NL“ на едната и „B“ од другата страна

Сепак, постојат работи што се прилично тешки кога станува збор за инфраструктурата. „Градежните дозволи знаат да бидат особено незгодни“, вели градоначалникот Лео ван Тилбург, чија зграда ја сечи границата. Поради локацијата, Белгија морала да побара дозвола од Холандија да изгради дел од градоначалничката зграда – делот обележан со граница што се протега низ салата за состаноци.

Градоначалникот вели дека со многу дискусии, голем дел од проблемите се решаваат на лесен начин.

Со оглед на тоа што законите за планирање на Белгија се помалку рестриктивни отколку во Холандија, постојат јасни предности кај луѓето чија влезна врата им е во Белгија. Како што раскажуваат жителите, холандски државјанин сакал да ја реновира оригиналната зграда, но влезната врата била во Холандија, така што тој не можел да добие дозвола за градба од холандската општина. Го решил проблемот со едноставно поставување втора влезна врата, веднаш до првата, но на другата страна од границата. Така денес зградата има две влезни врати, од кои едната е на холандска, а другата на белгиска територија.

Kees de Hoon (right) skirted a Dutch building restriction by installing a second front door on the Belgian side of the border (Credit: Andrew Eames)

Многу луѓе низ годините ги искористиле правните дупки. Најпознат пример е поранешната банка која била изградена веднаш на границата, па документите можеле да бидат преместени од едната на другата страна кога државните даночни инспектори ја посетувале банката. Сепак, постојат и конфликти помеѓу законите на двете земји. Возраста за пиење во Холандија е 18 години, но Белгијците можат да пијат пиво и вино на 16 години, така што ако холандски шанкер одбие да послужи толпа тинејџери, тие можат да одат во белгиски бар. И многу продавници за огномет во белгискиот дел на градот се извор на иритација за холандските власти. Во Холандија продажбата и транспортот на огномет се незаконски (освен во периодот околу Нова година).

Се чини дека во оваа лабораторија за прекугранична соработка сè уште постојат некои прашања што треба да се решат.

За повеќе вакви и слични теми придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Холандија